беллс движење

Мисијата  на БЕЛЛС движењето

Мисијата  на БЕЛЛС движењето е да биде лидер  на полето на одржливиот развој во земјите од Западен Балкан. Преку бројни иницијативи, активности и едукација им овозможуваме на граѓаните од Западен Балкан да го остварат своето право на здрава животна средина и подобри економски и социјални стандарди.

Членовите на БЕЛЛС движењето се убедени дека не постојат административни граници, ниту пак, партиски бои на политичките партии околу прашањата поврзани со животната средина. Само преку дијалог, партнерство, разбирање и хармонизација со легислативата на ЕУ може да постигнеме големи позитивни промени на национално и на регионално ниво.

 

Целите  на БЕЛЛС движењето

  • Застапување на еколошки водечки стандарди во рамките на процесите на креирање и имплеметација на економски и социјални политики.
  • Застапување на итно прилагодување и имплементација на соодветните ЕУ стандарди и закони
  • Застапување на еколошки технологии и „зелени“ вработувања

Застапување на инстутуционална соработка меѓу владата, граѓанскиот и бизнис секторот.

 

Лична карта на БЕЛЛС  движењето

Членовите на БЕЛЛС движењето се: Членови на парламентите на Западен Балкан, претставници од граѓанскиот и бизнис секторот, владини претставници, претставници на медиумите и граѓани активисти.

БЕЛЛС движењето  ќе ги награди најактивните граѓани  и организации со титулата „Почесен амбасадор на животна средина“.

Канцелариите  на БЕЛЛС се наоѓаат во Белград, Приштина, Подгорица, Скопје, Тирана и Тузла.

БЕЛЛС движењето  како резултат на регионалниот проект „Регионално еколошко застапување  – акција и кохезија на Западен  Балкан“ е поддржано од Регионалната еколошка програма на Амбасадата на Кралството Холандија.

Регионален координатор на проектот: «Амбасадори на животната средина»

Национални  партнери: «Институт за урбано истражување» (Тирана), «Центар за екологија и енергија» (Приштина), «4х4х4 Балкански мостови» (Скопје), «Грин Хоум» (Подгорица), «Центар за модерни вештини» (Белград).